|
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВМРО-ДПМНЕ НИКОЛА ГРУЕВСКИ ОБЈАВИ ИЗБОРНА ПОБЕДА НА КОАЛИЦИЈАТА “ЗА ПОДОБРА МАКЕДОНИЈА” |
|
понеделник, 02 јуни 2008 09:24 |
|
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски доцна синоќа објави победа на Коалицијата „За подобра Македонија“ на предвремените парламентарни избори. Последната информација според аналитичките податоци на Изборниот штаб на Коалицијата „За подобра Македонија“ е дека од 80 проценти преброени гласови ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата досега има добиено 440 илјади гласови, информира Груевски. Доколку таквиот тренд продолжи, тој очекува дека Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе има над 60 пратеници во Собранието на РМ. - Според ова, веќе ќе може да се каже дека во Македонија преродбата продолжува, потенцира пред новинарите и присутните партиски членови и симпатизери, Груевски, додавајќи оти оваа победа на ВМРО-ДПМНЕ, како што рече, се чини дека ќе биде историска според обемот и бројот на гласовите што ги освои партијата. |
|
Повеќе...
|